Новости

Битола инфо

Истакнатиот менаџер Христо Кондовски кандидат на СДСМ за градоначалник на Битола

Истакнатиот менаџер Христо Кондовски е кандидат на СДСМ за градоначалник на Битола.
Откако неговиот избор вчера попладне го потврди Извршниот одбор на СДСМ, во јавноста и на социјалните медиуми бројни се позитивните реакции од неговиот избор.

И додека изборните правила дозволат Кондовски да ги презентира неговите политики и концепти за развој на градот, како и плановите за забрзана динамика на активностите за подобра и поубава Битола, извесно е дека очекувањата на битолчани се насочени кон понатамошен просперитет на општината. Продолжување на домаќинското работење со народните пари што е препознатлив белег на СДСМ секако ќе биде еден од постулатите во работењето на Кондовски.

Со оглед на неговото искуство битолчани имаат големи очекувања токму Кондовски да застане на чело на градот и своите менаџерски практики да ги потврди во Општина Битола.

Евротип
SNBROKER
To Top