Новости

Битола инфо

И Во Битола започна изборниот процес навреме

Општинската изборна комисија во Битола информира дека утрово во 7 часот почна изборниот процес во кој според Единствениот избирачки список може да учествуваат 80.882 граѓани со право на глас.

Изборниот процес се реализира на 170 избирачки места во Општина Битола, потврди Игор Талевски, претседател на ОИК-Битола.

На Локалните избори во Битола евидентирани се шестмина кандидати за градоначалник и 14 листи со кандидати за членови на Советот на Општина Битола.

Вчера своето право на глас можеа да го искористат 109 болни и изнемоштени кои 105 го искористиле правото на глас и 10 ковид-болни. Вчера гласаа и штитениците од битолскиот Дом за стари лица и од 66 штитеник, своето право на глас го оствариле 54. Во затворот од 68, своето право на глас го оствариле 54 затвореници, а куќен притвор 3 лица.

Евротип
Евротип
To Top