Новости

Битола инфо

Каква беше сликата вечерва во Битола – луѓе на улица, испукани ѕидови, огромна раздвиженост…

Битолчани ноќеска сигурно нема да спијат после серијата земјотреси кои беа со епицентар на неколку километри од лерин, во близина на границата. Најсилниот земјотрес беше во 22:43 часот и после него имаше уште неколку земјотреси, кои иако со помал интензитет уште повеќе предизвикаа вознемиреност кај жителите на Битола, но и околината, особено во пограничните села.


Особено беа вознемирени оние кои живеат во зградите, кои излегоа надвор. Голем дел од нив ноќта ќе ја поминат во своите автомобили, а гужва имаше и на бензиските пумпи каде автомобилите полнеа горива, некој за да има за греење за во текот на ноќта, додека имаше и такви кои веднаш го напуштија градот.

Голем број граѓани пријавија штети во во своите домови, распукани ѕидови, а на некои постари куќи беше падната фасадата, а штета имаше голема и на  куќа на Питу Гули.

Некои пак запалија оган и се топлеа, бидејќи како што рекоа им е страв да влезат во своите домови.Особено оние од зградите сведочат дека се се нишало, се испаднало од мебелот, се нишале лустерите и било многу страшно.

Евротип
Евротип
To Top