Новости

Битола инфо

Како да реагираат децата на непријатностите кои им се случуваат на социјалните мрежи

Изминатиов период во Битола група ентузијасти од Здружението „Калидус“ снимија четири едукативни и забавни видеа на тема Медиумската писменост на социјалните мрежи. Оваа современа тема во сценаријата е обработена низ забавно- хумористична нишка, но со акцент на сериозноста од опасностите кои демнат на секој чекор во виртуелниот свет. Видеата се пред сѐ наменети за деца на возраст од 10 до 16 години, затоа што како што велат од Здружението Калидус, токму на таа возраст децата се впуштаат во неконтролирано користење на социјалните мрежи и лесно може да западнат во непријатности. Видеата укажуваат на секојдневни можни случки и како на најдобар и најсоодветен начин треба да се реагира во дадена ситуација.

Видеата наидоа на голем интерес од страна на јавноста истите може да ги погледнете на YouTube каналот на Здружението Калидус – Association Callidus

GOLD
To Top