Новости

Битола инфо

Кандидатот за градоначалник на Битола од ВМРО – ДПМНЕ, Тони Коњановски не се појави на закажаната дебата на Телевизија Тера

На еден ден пред изборниот молк, кандидатот за градоначалник на Битола од ВМРО – ДПМНЕ, Тони Коњановски побегна од соочување со противкандидатот од СДСМ, Христо Кондовски токму пред сопствениот град, во единствената локална телевизија во Битола. По соочувањата на националните телевизии каде се појави на сите, за жал не смогна сили да се појави и пред битолската публика на Тера Телевизија.


Во емисијата во која требаше да дебатираат двајцата кандидати за градоначалници на Битола, остана само Христо Кондовски кој пред да ги претстави уште еднаш своите проектите пред сограѓаните, изјави дека е изненаден од одлуката на противкандидатот и дека доколу беше на негово место би се срамел да не се соочи пред битолчани.
„Во овој случај јас разбирам дека не сака да се соочува пред битолчани, не ја цени телевизијата, она што е дирекно пред битолчани. Ние сме поканети на вашата ценета телевизија пред недела дена сигурен сум дека известувањето го добивте денес и тоа не е пристојно. Се може да се прилагоди, се може да се изменаџира и би се срамел да не се соочам пред битолчани . Да се кријам зад говорниците на партиските портпароли, советници итн., да прашувам дали да креирам невистини. Искрено, очекувам утре после ова недоаѓање некој напад измислен за мене како што беше во оваа кампања изминатиот период. Мислам дека е недолично и баш ова се моментите кога можеме да ги расчистиме и отвориме работите, но очигледно тоа ја покажува и иднината кога би биле градоначалници. Колку и да е тешко, колку и да е противникот достоен или жесток, треба да се соочуваме пред јавноста. Доаѓаат моменти за сериозни одлуки, а за тоа треба храброст”, рече Кондовски.
Кондовски во текот на емисијата уште еднаш ги претстави главните проекти од неговата изборна програма и ја пренесе својата визија за функционирањето на Битоал во следните четири години.

Евротип
Евротип
To Top