Новости

Битола инфо

Кај битолчанец полицијата пронашла и одзела хероин, амфетамин, марихуана

На 25.02.2021, полициски службеници од Отсекот за за недозволена трговија со дрога и оружје од Одделението за криминалистичка полиција при СВР Битола, врз основа на судска наредба, извршиле претрес во домот и помошни простории на битолчанец.

При претресот биле пронајдени и одземени хероин, амфетамин, марихуана и семки од марихуана. Бил лишен од слобода и приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

GOLD
To Top