Новости

Битола инфо

Кај 21 лице од Битола болеста е во тек

Во ЈЗУ Центар за јавно здравје- Битола и регионот кој го покрива (Битола, Кичево, Ресен и Демир Хисар) заклучно со 07.07.2020 година земени се вкупно 1287 брисеви за COVID-19 (674 по епидемиолошки индикации, 283 преку упатување од матичен лекар преку системот Мој термин и 330 брисеви од вработени во градинки за скрининг).

Позитивни резултати за COVID-19 се добиени кај 236 лица, од кои 61 се со место на живеење во Битола, 49 во Кичево, 2 во Демир Хисар и 124 во Ресен. Според исходот на заболувањето кај 149 лица болеста е во тек (21 од Битола, 41 од Кичево, 86 од Ресен и 1 од Д.Хисар), 81 лице се оздравени и кај 6 лица болеста имаше смртен исход.

Од вкупниот број на лица кај кои болеста сеуште е во тек (149 лица), 34 лица се хоспитализирани.

Во Микробиолошката лабораторија при ЈЗУ Центар за јавно здравје- Битола од 23.06.2020 до 06.07.2020 направени се вкупно 440 тестирања за COVID-19 (181 за лица од Битола, 99 од Кичево и 160 од Ресен).

GOLD
To Top