Новости

Битола инфо

Кико Илиовски освои сребро на БMУ Европскиот мотокрос шампионат

Мотокрос шампионот Христијан Илиовски вчера пак ја израдува израдува со ново искачување на пиедесталот, овој пат во Романија. Тој го освои второто место, во исклучително силна конкуренција и после пет години пауза од вакви големи интернационални натпревари.

Кико возеше на БMУ Европскиот мотокрос шампионат и блесна во новата сезона. Ова е неверојатен кам-бек на овој наградуван спортист, кој изминатите години паузираше заради немање на поддршка во тоа што најдобро го прави, возењето на крос-мотори.

Кико направи неколкугодишна пауза, заради немање никаква поддршка за да може да се занимава со овој скап спорт. Пред почетокот на новата сезона тој доби подарок мотор од СН финансии и допопнителна опрема за да може да ја рестартира својата спортска кариера.

Евротип
SNBROKER
To Top