Новости

Битола инфо

КОВАЧЕВСКА: За една година го донесовме Пелистер пред портите на АБА 2

Претседателката на Кошаркарскиот клуб Пелистер, Мери Ковачевска е пријатно изненадена од поканата за учество на битолскиот клуб во регионалното натпреврување претстојната сезона.

Иако беше убедливо најдобар во основниот дел од првенството, никој во Пелистер не очекуваше дека екипата ќе добие можност да игра во АБА 2 лигата. Поканата дојде во период кога битолчани го составуваат тимот за новата сезона, а оставени се уште неколку празни позиции кои треба да се решаваат во следниот период.

„Презадоволна сум од својата и работата на моите најблиски соработници, како и на кошаркарите и стручниот штаб. Пред моето доаѓање, Пелистер беше просечен тим кој се бореше за пласман во Суперлигата, а по моето доаѓање, за само една година, успеавме да го донесеме пред портите на АБА 2 лигата.

Викендов ќе ја донесеме конечната одлука во врска со учеството во регионалното натпреварување, но ако биде поканата биде прифатена, не се сомневам дека ќе играме важна улога во АБА 2“, изјави Ковачевска за кош.мк.

Низа несреќни околности во финишот од минатата сезона, го спречија Пелистер да се бори за трофеите во домашната кошарка, но претстојната кампања, првпат во својата историја, клубот би можел да учествува во три натпреварувања.

СН Брокер
To Top