Новости

Битола инфо

Козаров: И во услови на пандемија државата има капацитет да спроведе здравствено безбедни избори

Кандидатот за пратеник од СДСМ и Коалицијата Можеме за ИЕ5, Горан Козаров зборуваше за безбедноста при гласањето за време на изборите.

„Протоколите кои се донесоа обезбедија функционирање во ново нормално секојдневие, каде мерките за заштита се редовна обврска. На тој начин се отворија бизнисите, а животот се нормализира по нови правила.
Со почитување на протоколите можеме да пазаруваме, да одиме во угостителски објект, да користиме јавен транспорт и да бидеме заштитени.
И во услови на пандемија државата има капацитет да спроведе здравствено безбедни избори .
Институциите, здравствената стручна јавност, подготви сигурен и ефикасен протокол за заштита на здравјето при гласање, кој обезбедува максимална заштита за гласачите, набљудувачите, членовите на избирачките одбори и сите учесници во изборниот процес.
На 15 јули, гласањето ќе биде со целосна заштита, затоа да излеземе на избори и да изградиме целосно функционални и капацитетни институции кои уште повеќе и уште подобро ќе се грижат за граѓаните .
Со строго почитување на протоколите да излеземе да гласаме сосема безбедно и да го оствариме своето право на глас без закана по сопственото или здравјето на другите.
На 15 јули, Важно е да обезбедиме функционални и целосно легитимни институции, важно е за економијата, важно е за државата и иднината.
На 15 јули, да го заокружиме бројот 3 за уште подобар економски стандард, затоа што можеме уште повеќе и уште подобро,“ истакна Козаров.

GOLD
To Top