Новости

Битола инфо

Комеморација во театарот за Благој Стефановски, големата сцена ќе го носи неговото име

Денес на големата сцена на Народниот театар во Битола, која од денес ќе го носи името на неодамна починатиот актер и директор на оваа театарска куќа, Благој Стефановски – Баге се одржа комеморативна седница во негова чест на која присуствуваа најблиското семејство, родните и дел од пријателите, а поради мерките за заштита беа во мал број.

Комеморацијата започна со потсетување на тоа кој беше Баге и што се имаше одиграни како актер и што се имаше направена за театарот во Битола и пошироко за време додека беше директор на НУ Народен театар Битола цели 22 години.Актерот Петар Горко речиси еден час ги читаше телеграмите со кои беше изразено сочуство кон семејството и кон НТБ од сите страни, а колегите актери, режисерите кои тука работеле, од театарските куќи од Македонија и странство, од премиерот, од пријателите, новинарите, а пријателите од ракометот…

Во име на директорот на НТБ Иван Јерчиќ, кој не беше тука поради здравствени прочини, а потоа и од свое име се обрати уметничкиот директор на НТБ, Илина Чоревска.

-Нема да зборувам за факти, бројки или датуми, бидејќи многумина од вас овде многу повеќе од мене знаат за неговиот животен пат, придонес во театарската уметност и културата воопшто. Фактите се навистина нешто со кое најдобро се отсликува нечие постоење. Во случајот на Баге тоа беше жарот, безрезервната љубов и фаталистичкиот пристап кон театарот. Баге не беше само актер, директор на НТБ, на Охридско лето, на фестивалите за театар “Војдан Чернодриснски“, “Ристо Шишков“, или не беше само министер за култура, почесен претседател на НЕТА, Баге беше театарот, прочита Чоревска во име на Јерчиќ, а во свое има додаде:-Благодарам, се извинувам што не ти кажав благодарам ккога требаше, ама тоа е во човековата природа. Ти благодарам за многу работи поврзани со мојата театарска кариера.Чоревска ја соопшти одлуката дека Големата сцена на НТБ од денес ќе го носи името “Благој Стефановски Баге“, во чест за сето она што го направи за нашиот Народен театар.

На крај на комеморацијата како и што и доликува и заради заслугите присутните со грмогласен аплауз го испратија Благој Стефановски – Баге, меѓу великаните на театарот.

Благој Стефановски-Баге почина на 3 декември, на 67 годишна возраст.

GOLD
To Top