Новости

Битола инфо

Кондовски: Битола ќе добие Мултифункционален спортски центар

Битола ќе биде град во кој спортистите и спортските објекти ќе го имаат заслуженото внимание и ресурси. Спортот и рекреацијата ќе бидат достапни за секого во нашата општина, порача кандидатот за градоначалник на Битола, Христо Кондовски на промоцијата на проектот за изградба на Мултифункционален спортски центар.

„Големиот Мултифункционален спортски центар ќе располага со аква парк и затворен базен, кошаркарско, фудбалско и тениско игралиште, како и хотелски комплекс со вклучен инвеститор. Овој проект ќе претставува јавно приватно партнерство, а од буџетот на општината ќе се одделат 3 милиони евра. Реализацијата на овој грандиозен спортски објект, кој ќе претставува гордост на нашиот град, ќе се одвива преку јавна понуда за изведба и изградба – вклучувајќи заинтересирани инвеститори љубители на спортот, но и на нашиот град”, најави Кондовски.

Со изградбата на овој Мултифункционален спортски центар, Кондовски очекува бројни придобивки за граѓаните и општината.

„Придобивките се бројни. Првенствено спортскиот центар ќе претставува адекватно место за многу спортови, рекреација и социјализација, а во него конечно ќе се најде и долговетуваниот проект за затворен базен. Реализација на овој проект ќе значи отворање на нови работни места и дополнителни приходи за општината.
Но, ефектот ќе го почуствуваат сите граѓани на општината и правните лица кои ќе соработуваат при изградбата, а потоа и ќе се вклучат во функционирањето на овај центар. Рок за реализација на проектот е 4 години, a вредноста на проектот е 4.000.000 евра”, рече Кондовски.

Кандидатот за градоначалник од СДСМ и коалицијата рече и дека „Битола – спортски град“ е една од најчесто употребуваните фрази поврзани со oпштината, која со спортскиот комплекс што ќе биде изграден ќе добие своја потврда. Кондовски подвлече дека битолските спортисти и клубови се мобилни амбасадори и најдобри промотори на Битола кои и досега се поддржуваа од локалната самоуправа со 30 милиони денари.

Евротип
Евротип
To Top