Новости

Битола инфо

Кондовски: Битола ќе добие современа противпожарна заштита

Битола ќе добие современа противпожарна заштита по теркот на модерните европски градови, рече денеска кандидатот за градоначалник на Битола од СДСМ, Христо Кондовски.

„На тоа не обврзува и традицијата. Битолската противпожарна станица е формирана во 1836 година. Првиот противпожарен одред во градот е и прв на Балканот во тоа време. Битолската станица е значаен регионален противпожарен центар. За да го зачува тој епитет потребни се нови и сериозни инвестиции. Во таа смисла најавувам изградба на нов современ објект за противпожарна заштита кој ќе биде лоциран во комплексот на АРМ.

Истиот ќе биде изграден по најсовремени стандарди и ќе ги исполнува сите потребни услови за непречено функционирање на единицата. Предвидени се и нови 15 вработувања на пожарникари. Дополнително, комплетно ќе се обнови опремата на пожарникарите. Ќе се набават нови противпожарни возила за новата, но и за актуелната противпожарна единица.

Финансирањето на овој проект ќе биде преку општината, централната власт, невладини организации и фондации и странски проекти. За оваа цел општината по брза постапка ќе ја реализира целосната документација во согласнот со ГУП и ДУП“, рече Кондовски.

 

Евротип
SNBROKER
To Top