Новости

Битола инфо

Кондовски во посета Синпекс: Општината ќе биде активен играч во поттикот и поддршката на економскиот раст и развој на Битола

Кандидатот на СДСМ за градоначалник на општина Битола, Христо Кондовски беше во посета на Синпекс ДОО – една од најзначајните домашни компании за продажба и сервисирање на механизација, машини и опрема за земјоделство, шумарство, градежништво и за општа употреба.

„За да можат да инвестираат, да ги прошират своите капацитети и да отворат нови работни места на битолски стопанственици им е потребна и поддршката од локалната самоуправа, пред се во ефикасно донесување на деталните урбанистички планови ! Ваква порака ми упатија Христина Фуна и Синиша Петровиќ, сопственици на Синпекс ДОО – една од најзначајните домашни компании во земјата, која од 1990 година врши продажба и сервисирање на гама на производи, механизација, машини и опрема наменети за земјоделстството, шумарството, градежништвото, како и за општа употреба. Им честитам на решителноста, искуството и знаењето, но и желбата за осовременување и унапредување на македонскиот земјоделец со тоа што успеаа да донесат светски брендови за производство на различна механизација во нашата земја!“-рече Кондовски по посетата.

Тој истакна дека ваквите компании се важен двигател на локалната економија и затоа соработката со нив треба да се заснива на редовна комуникација и консултција.

„Се согласив дека урбанистичкото планирање на градот мора да биде во функција на сите граѓаните, вклучително и на стопанственциите. Општината ќе биде активен играч во поттикот и поддршката на економскиот раст и развој на Битола !“-порача Кондовски.

Евротип
Евротип
To Top