Новости

Битола инфо

Кондовски втора година по ред дел од трката „Трчај Бе“

Денеска во Битола се одржа третото издание на градската трка „Трчај Бе“. Учесник на трката беше и Христо Кондовски, кандидатот за градоначалник на Битола од СДСМ. Тој е втор пат дел од оваа манифестација.

Откако го истрча маратонот, Кондовски ја испрати својата порака:

„Задоволство ми е што втора година по ред учествувам во атлетската трка полумаратон “Трчај бе“. Прекрасна спортска манифестација, убав настан на кој уживав во друштво на семејството и моите битолчани! Среќен сум да видам колку многу луѓе се приклучија со голем ентузијазам. На Битола ѝ личат ваквите спортски настани. Посакувам токму во ваков дух и пријатна атмосфера да трчаме и на избори, сите заедно за поубава Битола“, порача Кондовски.

СН Брокер
To Top