Новости

Битола инфо

Кондовски: Горд на традицијата на фестивалот „Браќа Манаки“

Пред денешното отворање на 42. издание на ИФФК „Браќа Манаки“, кандидатот за градоначлник на Битола од редовите на СДСМ, Христо Кондовски, посетувајќи ја фотографската поставка посветена на историјата на фестивалот истакна дека е горд на фестивалот „Браќа Манаки“.

„Сред мноштвото професионални обврски енергијата ја црпам и преку уметноста! Горд на традицијата на фестивалот „Браќа Манаки“, кој долги години ја одржува Битола високо на светската мапа на филмот!“ – истакна Кондовски.

Евротип
Евротип
To Top