Новости

Битола инфо

Кондовски: Да се даде гласот за Битола за мене е свечен и демократски чин

Кандидатот за градоначалник од СДСМ, Христо Кондовски заедно со сопругата денска го остварија своето граѓанско право и гласаа на локалните избори.

„Да се даде гласот за Битола за мене е свечен и демократски чин. Во духот на позитивната предизборна кампања која ја водевме очекувам изборниот процес да биде фер и демократски до крај, како што заслужуваат Битола и битолчани. Победата за Битола и победа и за мене. Гласот на граѓаните е глас за поубава Битола и секој од нас треба да даде придонес во тоа. Тоа е наше граѓанско право, но и обврска!“ рече Кондовски.

Евротип
Евротип
To Top