Новости

Битола инфо

Кондовски: За 90 дена ќе ги решам закочените барања за одобренија за градба и легализација во Општина Битола

Младите може да се задржат само со нови работни места, а тие што работат со повисока плата. Toa може го постигнеме само со локален економски развој и тоа е егзактно наведено во мојата програма, истакна кандидатот наа СДСМ за градоначалник на Општина Битола вечерва во дебата на МТВ посветена на локалните избори.

„Ослободувањето на општинскиот потенцијал, промената на ГУП и ДУП ќе допринесат да се отвори бизнисот. Битола има многу потенцијал за инвестирање. Има бизнисмени кои чекаат на готовс да отпочнат со градба на нови капацитети, да ги пуштат во погон и да создаваат нови работни места. Во делот на мојата програма заложбата за локален економски развој е експлицитно наведена и тврдам дека во Битола во наредните четири години нема да работат само оние кои не сакаат да работат или пребираат каде да работат. “-рече Кондовски.

Тој вети и дека за 90 дена ќе ги реши закочените барања за одобренија за градба и легализација во Општина Битола.

„Во првите 90 дена по законска постапка и процедура ќе ги решам сите натрупани барања за одобренија за градба и легалзиоација. Јасно и гласно потенцирам дека ќе ги решам сите. Дали позитивно или негативно тоа ќе биде согласно позитивните законски прописи, но еднаш граѓаните ќе бидат начисто дека нивното барање е вака или така решено. Ќе го ослободиме тој економски потенцијал кај позитивните одобренија да може да се работи во Битола.“-рече Кондовски.

„Слободната економска зона ќе донесе развој во Битола. Јас како професионален менаџер сум ги имал истите проблеми во приватниот бизнис и тоа ме натера да дојдам овде и со готови проекти да ги решам тие проблеми на граѓаните и на стопанството. Ќе се стимулира слободната економска зона и ќе има нови инвеститори, пред се преку олеснувања за домашните инвеститори, но и за странските. Со тоа ќе се отворат нови работни места. Во нашата програма е опфатен и стариот индустриски дел на Битола, целосна реконструкција со патна, водоводна и канализациона мрежа на улицата Индустриска и Индустрискиот пат што ќе води до царината. Тоа е на само неколку километри од Грција и убеден сум дека тука ќе имаме стратешко поднебје за основање и водење бизнис пред се од тие извозни капацитети и производство. Брзото решавање на ДУП во зоната на Жабени ќе донесе забрзана реализација на инвестициите.“-рече Кондовски, најавувајќи и формирање на Одделение за соработка со странски инвеститори, ангажирање на аутсорсинг компании за привлекување странски инвеститори, како и дооформување на зоната Жабени по теркот на новите инвеститори, пред се домашните.

Евротип
SNBROKER
To Top