Новости

Битола инфо

Кондовски и Коњановски се сретнаа на Широк Сокак

Кандидатите за градоначалници на СДСМ и ВМРО ДПМНЕ Христо Кондовски и Тони Коњановски денеска имаа случајна средба на битолски Широк Сокак. Се поздравија, си честитаа за кандидатурите и се договорија да се видат повторно, на средба за фер кампања како што и доликува на Битола.
Уште на првата прес конференција на Кондовски, тој рече дека против кандидатите ќе ги покани на кафе средба, да си помуабетат, да се договорат за фер кампања и да си посакаат успех во оваа предизборна трка.

Фото: Тера Тв

 

СН Брокер
To Top