Новости

Битола инфо

Кондовски и сопругата во гламурозно издание на фестивалот „Браќа Манаки“

Христо Кондовски, кандидатот за градоначалник на Битола од редовите на СДСМ, вечерва заедно со сопругата беа дел од отворањето на 42.издание на фестивалот „Браќа Манаки“.

Неговата сопруга, Соња Кондовски пак, на црвениот тепих изгледаше прекрасно во свечена црна тоалета и минималистичка шминка.

„Битола вечерва е македонски и светски фестивалски центар! Затоа горд сум што сум битолчанец!
Фестивалот Браќа Манаки долги години ја одржува Битола високо на светската мапа на филмот!
Вечерва Битола го слави филмот!
Посебно е чувството да се биде дел од тој бренд.
Бренд кој не обврзува уште поенергично да ја продолжиме филмската приказна која тргнувајќи од Битола се шири низ цел свет!“, истакна Кондовски.

Кондовски ја проследија и преммиерта на македонскиот филм „Сестри“ со кој почна годинешното издание на фестивалот „Браќа Манаки“.

 

Евротип
Евротип
To Top