Новости

Битола инфо

Кондовски: Кампањата ја продолжувам во позитивна атмосфера, со секојдневни контакти со граѓаните

Во следниве единаесет дена секако ќе продолжме со позитивната кампања, рече денеска во изјава за медиумите, кандидатот за градоначалник на Битола од СДСМ, Христо Кондовски.

„Ќе ги потсетиме нашите сограѓани за проектите кои ги промовиравме, но со еден друг пристап, преку јавни настапи, преку интернет медиумите, преку традиционалните медиуми. Ќе кажеме дел нови проекти кои не стигнавме да ги презентираме и повторно ќе потенцирам дека целта ми е програмата да ја исполнам 100%, Битола да доживее економски бум, инфраструктурен бум, дека секој денар од граѓаните ќе биде инвестиран во инфраструктура, дека ефикасна општина со тие рокови кои ги споменавме е наша приоритетна цел. Ќе бидам повеќе на терен, на маалски средби, непосредно со граѓаните. Тоа е мојата цел да ја доловиме нашата позитивност и желба за просперитет на Битола“, рече Кондовски.

Евротип
Евротип
To Top