Новости

Битола инфо

Кондовски на средба со битолските угостители и членовите на „Еснаф“

Кандидатот за градоначалник на Битола, Христо Кондовски денеска оствари средба со битолските угостители и членовите на „Еснаф“ – Здружението за угостителство и туризам од Битола.

На средбата се зборуваше за формирање на туристички информативен центар, да се подигне квалитетот на туристичката понуда во Битола со цел да се доживеат убавините, културата и историјата на градот.

„Отворената и директна КОМУНИКАЦИЈА е основа на секоја успешна соработка!
На ова денеска се согласивме со битолските угостители.
На средба со членови на “Еснаф“ – Здружението за угостителство и туризам од Битола, заеднички ја утврдивме потребата угостителите и туристичките агенции активно да бидат вклучени во процесот на донесување на одлуки во локалната самоуправа во областа на туризмот.
Се согласивме и за потребата од формирање на туристички информативен центар, а преку ефикасно менаџирање да се подигне квалитетот на туристичката понуда на Битола со цел туристите да не го посетуваат градот само транзитно, туку вистински да ја восприемат неговата убавина, култура, историја… И сето тоа изменаџирано во функција на локалната економија.
Битола има капацитет за тоа!„ -истакна Кондовски.

Евротип
Евротип
To Top