Новости

Битола инфо

Кондовски на средба со невладините организации од Битола

Кандидатот за градоначалник на Битола од СДСМ, Христо Кондовски имаше средба со невладините организации од Битола со цел поголема поддршка на граѓанскиот сектор и забрзан економски развој на градот.

„На средба со претставници на невладини организации од Битола разменивме идеи и мислења во насока на обезбедување поголема поддршка за граѓанскиот сектор. Иако во Битола има голем број здруженија на граѓани, заеднички се согласивме дека само силни и стабилни невладини организации можат да дадат придонес за забрзан економски развој на општина Битола. Затоа мораме да ги поддржиме на вистински и ефективен начин, преку целно ориентиран пристап. Останувам отворен за секој нов предлог, за сите сугестии од сите граѓански организации кои функционираат во општината.„ – истакна Кондовски во својата изјава.

СН Брокер
To Top