Новости

Битола инфо

Кондовски на средба со такси превозници

Такси превозниците мора да бидат вклучени во сите практични решенија во областа на превозот на патници и сообраќајот во Битола, рече при денешната средба со такси превозниците денеска Христо Кондовски, кандидат за градоначалник на Битола од СДСМ.
„Како деловни субјекти тие редовно плаќаат даноци кон државата и затоа треба да бидат заштитени од нелојалната конкуренција и да имаат достоинствени услови за работа со вреднување на нивниот труд! Се согласивме дека се треба да започне од директна, отворена и редовна комуникација меѓу нив и локалната самоуправа. Без таква комуникација нема практични и одржливи решенија! Затоа, такси превозниците треба да имаат свои претставници во надлежните комисии и тела во локалната самоуправа кои носат одлуки за превозот во Битола. Не може одлуки за нив да се носат без нив! Тие бараат Законот за превоз во патниот сообраќај да се применува во пракса и сметам дека тоа е легитимно барање кое е во интерес на сите граѓани на Битола!“-рече Кондовски.

Евротип
Евротип
To Top