Новости

Битола инфо

Кондовски на средба со Фејзовски: Новите инвестиции, носат нови вработувања

Денеска кандидатот за градоначалник од СДСМ, Христо Кондовски оствари средба со Ејуп Фејзовски сопственик на млин – пекара Мигрос каде разговараа з проблемите и предизвиците со кои се соочува во неговото работење.

Неопходна ми е поддршка од институциите.

“Ако успеам во намерата и направам пренамена на земјиштето до млинот, ќе инвестирам во нов капацитет за производство и ќе вработам нови луѓе. Ама, за тоа неопходна ми е поддршката од институциите”. – истакна Ејуп Фејзовски.

Новите инвестиции носат нови работни места.

„Урбанистичкото планирање на градот мора да биде прво, во функција на граѓаните, а секако и на стопанственциите. Новите инвестиции носат нови работни места, а силна економија значи силен град. Граѓаните мора да бидат задоволни од животот во Битола. Битола ќе успее. – изјави Кондовски.

Евротип
Евротип
To Top