Новости

Битола инфо

Кондовски на средба со членовите на Ротари Клубот од Битола

Кандидатот за градоначалник на СДСМ Христо Кондовски синоќа оствари средба со членовите на Ротари Клубот од Битола каде е долгогодишен член, а досега оствариле многу акции со што помогнале на многу граѓани и институции.

“Големата ротаријанска идеја не обединува во обврската за континуиран придонес во заедницата!
Посебна чест и задоволство ми е што вечерва, лично од моите Ротаријанци, можев да ja почуствувам нивната безрезервна поддршка, заеднички согласувајќи се дека придонесот сега максимално треба да биде насочен кон ЕФИКАСНО и ЕФЕКТИВНО МЕНАЏИРАЊЕ на општина Битола!
Преку Ротари клубот Битола досега сме реализирале многубројни активности за поддршка на различни категории граѓани и институции. Заеднички утврдивме дека тоа треба да продолжи во уште поголема мера!
Наша водилка и натаму останува визијата на Ротари Интернационал како меѓународна организација која работи за доброто на човештвото, поврзувајќи ги елитните професионални лидери во светот, кои своите професионални вештини, знаења и материјални средства, преку застапување на високи етички стандарди, ги посветуваат на ПРИДОНЕС ВО ЗАЕДНИЦАТА!” – стои во соопштението.

Евротип
Евротип
To Top