Новости

Битола инфо

Кондовски: Објективноста и навременото информирање се наш заеднички приоритет

Христо Кондовски, кандидатот за градоначалник на Битола од редовите на СДСМ  денеска имаше средба и со битолските новинари со цел да поразговараат за состојбите пред почетокот на изборната кампања. Кондовски ги слушна досегашните искуства на новинарите од Битола како и сугестиите за подобрување на условите и работата на медиумите, но и комуникацијата со локалната самоуправа.

„Отворената комуникација и транспарентноста кон медиумите се основа за добра комуникација со јавноста. Со таа цел денеска остварив средба со битолските новинари. Објективноста и навременото информирање се наш заеднички приоритет! Останувам отворен и достапен за сите новинарски прашања. Јавноста има право на тоа“, рече Кондовски после средбата со битолските новинари.

СН Брокер
To Top