Новости

Битола инфо

Кондовски: планината и адреналинските спортови ќе ги ставиме во функција на развој на туризмот

Битолскиот регион, Пелистер и потпелистерието се вистински магнет за љубителите на планината и адреналинските спортови. Тоа мора да се искористи во функција на развој на туризмот, но исто така овие капацитети треба да се стават во фунција на поголеми можности за спорт и рекреација на битолчани.

Ова денеска кандидатот на СДСМ и коалициските партнери за градоначалник на Општина Битола, Христо Кондовски, им го порача на големите вљубеници на планината и адреналинските спортови, членови на ПСК Пелистер, Битолски конзули, Extreme bike и Pelister Unique Trail Marathon.

„Како иден градоначалник ја повторив мојата заложба за вложување во инфраструктура, вклучително и во патната инфраструктура во овој регион, што е потреба како за битолчани, така и за посетителите кои доаѓаат на Пелистер од целата држава, но и од странство. Дополнително, уредувањето на планинарски патеки и вложувањето во капацитети кои ќе го унапредат туризмот ќе даде посебен импулс во оваа област, како и поголемата поддршка за здруженијата кои низ посветено секојдневно работење го шират добриот глас за Пелистер и Битола, привлекувајќи туристи од целиот свет.“-рече Кондовски, кој во изминатите денови го промовираше и проектот за модернизација на Скијачкиот центар Ниже Поле, предвидувајќи и набавка на нова опрема за заснежување и вештачки снег, како и замена на трите ски лифови со нови.

Евротип
Евротип
To Top