Новости

Битола инфо

Кондовски повторно дел од “40 највлијателни бизнис лидери под 40 години”

Кандидатот за градоначалник на СДСМ Христо Кондовски, вечерва е повторно дел од “40 највлијателни и најуспешни бизнис лидери под 40 години.

Во 2019 година Кондовски беше добитник на оваа престижна награда каде беше избран за најуспешен млад бизнисмен под 40 години од 10 земји во Југоисточна Европа.

“Чест ми е и големо задоволство вечерва да бидам дел од доделувањето на меѓународната награда “40 највлијателни и најуспешни бизнис лидери под 40 години” (”Business elite’s 40 under 40) за Југоисточна Европа за 2020/2021 година. Годинава поради професионалните обврски, на гала церемонијата во Истанбул присуствував виртуелно преку апликацијата Зум.
Но, да бидам дел од настаните кои ја обединуваат ова млада лидерска бизнис елита ме обврзува и статус на добитник на истата оваа престижна награда во 2019 година, кога во срцето на Амстердам во историската Huis Bartolotti ми беше врачена статуетката на 40-те најуспешни и најамбициозни млади бизнис лидери под 40 години од 10 земји од Југоисточна Европа. Наградите не се само привилегија. Тие се и обврска за нов придонес во правец на напредок и развој на регионот во кој делуваме!
Убеден сум дека заедно можеме да постигнеме уште поголеми успеси на сите полиња, а особено во бизнисот и економијата!” – стои во соопштението.

СН Брокер
To Top