Новости

Битола инфо

Кондовски се заблагодари на поддршката и му ја честита победата на Коњановски

Почитувани битолчани,

Ви благодарам на сите за поддршката. Ми беше чест што бев дел од изборниот процес кој денес завршува. Им честитам на битолчани за изборот и на мојот противкандидат за победата.

Како докажан претприемач, конструктивен и отворен ќе продолжам да го давам својот придонес за развој на Битола во секој сегмент во кој што можам. Посакувам подобра и поубава иднина за сите нас, граѓаните на Битола. До следниот предизвик останете во добро здравје и со добра мисла.

Ваш,
Христо Кондовски

Евротип
Евротип
To Top