Новости

Битола инфо

Кондовски се сретна со битолските куглари

Кугланата во Битола е уште една успешна приказна на локалната самоуправа предводена од СДСМ и затоа денеска задоволство ми беше да се сретнам со членовите на кугларскиот клуб Пелистер, кои пак пријатно ме изненадија со дрес во кој го бранат брендот на спортска Битола, изјави кандидатот на СДСМ и коалиционите партнери за градоначалник на Општина Битола, Христо Кондовски по средбата.

Тој посочи дека во изминатиот период општината и Агенцијата за млади и спорт вложија околу 14 милиони денари и целосно ја реконструираа кугланата со нови кугларски патеки и опрема.

„ Со тоа Битола доби европска куглана, со одлични услови за љубителите на куглањето. И како стопанственик сум го помагал куглањето и затоа особено ми е драго што сега Битола има куглана по европски стандарди. Но, не застануваме тука. Нема да ги помагаме само на големите професионални клубови, туку и на помалите спортски клубои, и на поединците кои преку спортските успеси ги бранат боите на Битола.“-порача Кондовски.

Инаку, со реконструкцијата на битолската куглана, кугларските клубови непречено тренираат и се подготвуваат за првенствени и куп натпревари, а во салата може да одржуваат домашни и меѓународни натпревари, организирани од страна на Кугларската федерација на Македонија.

Евротип
SNBROKER
To Top