Новости

Битола инфо

Кондовски со својата сопруга дел од испраќањето на Фестивалот “Браќа Манаки”

Кандидатот за градоначалник на СДСМ, Кондовски Христо со својата сопруга беа дел од синоќешното затворање на Интернационалниот фестивал на филмската камера “Браќа Манаки” во Битола.

” Чест ми беше, вечерва да бидам дел од испраќањето на уште едно извонредно издание на Интернационалниот фестивал на филмската камера „Браќа Манаки“! На организаторите им честитам што во исклучително тешка година успеаа, не само да го одржат брендот на Битола како македонски и светски фестивалски центар, туку и да го издигнат нивото на првиот и најстар фестивал во светот кој го слави делото на кинематограферите!” – истакна Кондовски.

Евротип
Евротип
To Top