Новости

Битола инфо

Кондовски: Ќе ги зголемуваме капацитетите за искористување на европските фондови

Прекуграничната соработка на македонските општини со општините во соседните земји е од исклучително значење за искористување на европските фондови, сето тоа во функција на унапредување на квалитетот на живот на граѓаните.

Ова денеска го изјави кандидатот на СДСМ и коалициските партнери за градоначалник на Општина Битола, Христо Кондовски по средба со градоначалникот на Пустец, Пали Колефски и кандидатот за градоначалник на Општина Ресен од СДСМ и коалицијата и актуелен градоначалник, Живко Гошаревски.

„Како идна локална самоуправа од исклучителна важност е да работиме на зголемување на капацитетите за искористување на што повеќе средства од европските фондови. Општините во соработка со граѓанскиот сектор се најважните креатори на условите за имплементација на што поголем број проекти финансирани со европски средства во областа на прекуграничната соработка. Тоа ќе донесе бенефит за граѓаните во нашите општини, но и бенефит за граѓаните во соседните земји.“-рече Кондовски, додавајќи дека соработката меѓу локалните власти во регионот има значајна улога во процесот на интегрирање на земјата во Европската Унија.

Инаку, Пустец е единствената општина со доминантно македонско население во Албанија. Дипломираниот економист Пали Колефски е градоначалник на оваа општина од 2019 година кога освои 66,84 отсто од гласовите на локалните избори.

Евротип
SNBROKER
To Top