Новости

Битола инфо

Контрола на СВР Битола: Викендов 17 возачи возеле под дејство на алхохол

Во периодот 21/22.11.2020 полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Битола извршиле контрола на возачите на подрачјето на СВР Битола за управување возило под дејство на алкохол, брзина, престигнување, техничка исправност на возилата, користење на мобилен телефон, употреба на сигурносен појас, поседување на возачка дозвола, при што било констатирано дека 17 возачи возеле под дејство на алкохол и истите се исклучени од сообраќај. Без возачка дозвола управувале 25 возачи, други 19 биле нерегистрирани, а три возила биле технички неисправни. На мобилен телефон разговарале пет возачи.
За сите неправилности издадени се соодветни налози.

GOLD
To Top