Новости

Битола инфо

Концертот на Амира Медуњанин презакажан за в понеделник

Концертот на Амира Медуњанин, кој требаше да се случи вечерва во Хераклеја е презакажан за в понеделник на 10-ти август, на истото место, Хераклеја со почеток од 21 часот.

Таа денес ја посети Хераклеја и од таму со песната „Јовано, Јованке“ ја повика публиката да дојде на нејзиниот концерт во понеделник, а од Авалон продукција потсетуваат дека концертот ќе биде организиран по сите протоколи за безбедност, поради пандемијата, а публиката задолжително мора да носи маски, бидејќи без нив нема да биде дозволен влез.

Амира Медуњанин е една од најактивните промотори на музичкото наследство на Босна и Херцеговина.

 

GOLD
To Top