Новости

Битола инфо

Костадиновска: Во новата програма за следниот четиригодишен мандат предвидуваме враќање на уште повеќе пари назад кај граѓаните и компаниите.

Изјава на Бисера Костадиновска, кандидат за пратеник од СДСМ.

„Почитувани граѓани,

Помина една година откако мерката МојДДВ врати над 10 милиони евра кај над 300.000 корисници на оваа мерка.

Со оваа мерка за прв пат државата враќа пари директно на сметките на граѓаните.

Нашата определба и реализација на концептот на враќање пари кај граѓаните се покажа како успешен македонски концепт за развој на економијата и за подобрување на животниот стандард на граѓаните.

Во новата програма за следниот четиригодишен мандат предвидуваме враќање на уште повеќе пари назад кај граѓаните и компаниите.

Го зголемуваме лимитот за повратот на ДДВ кон граѓаните, од 600 на 800 денари месечно. Тоа се 2,400 денари за поединец за тромесечие односно 9.600 денари годишно. Тоа се пари плус во семејниот буџет, кои граѓаните ќе ги вратат назад во домашната економија.

Истовремено, продолжуваме со навремен, редовен и неселективен поврат на ДДВ кон фирмите.

Влеговме во бескомпромисна битка со сивата економија и продолжуваме уште позасилено во периодот што претстои.

На 15 јули граѓаните одбираат парите да завршуваат во нивните семејни буџети, а не во белиот дворец на ВМРО-ДПМНЕ.

GOLD
To Top