Новости

Битола инфо

Креативците од „Порака“ со рачно изработени цветови и со песна им го честитаа 8 март на жените во СН Осигурителен Брокер

Штитениците на Центарот за поддршка на лица со интелектуална попреченост „Порака“- Битола денеска со рачно изработени цветови им го честитаа 8 март на жените во СН Осигурителен Брокер. Воедно и со песна, тие изразија благодарност за досегашната поддршка која компанијата ја има овозможено во рамките на стратегијата за општествена одговорност.

Во центарот „Порака“ во Битола се едуцираат вкупно 14 деца со интелектуална попреченост, кои три пати неделно посетуваат едукативни работилници во рамките на социјалниот клуб.

За нивните потреби неодамна СН Осигурителен Брокер АД Битола донираше таблет компјутери со цел да го помогне процесот на едуцирање и социјализирање на лицата со интелектуална попреченост.

Евротип
SNBROKER
To Top