Новости

Битола инфо

„Куку Леле“ ќе одржат концерт во Голд Фелициа – Битола

Популарното македонско дуо „Куку Леле“ и нивните безвременски хитови, македонската публика ќе има можност да ги чуе во Битола во комплексот Голд Фелициа, каде ќе одржат концерт. Тие освен што имаат музички нумери кои ги знаат сите генерации од прв до последен стих, знаат да отсвират и нешто настрана од нивниот репертоар, се со цел за подобра атмосфера на самата забава.

Од Голд Фелициа повикуваат да ги следите на нивните социјални мрежи

ФБ – https://www.facebook.com/GoldFeliciaBitola

Инстаграм – https://www.instagram.com/gold_felicia_/

Таму тековно ќе бидат објавувани концертите во комплексот, како и промотивните понуди.

Она што е интересно да се каже за „Куку Леле“ е тоа дека со нивната музика уште од 90-те растеа бројни генерации, како и македонската забавна музика. Добитници се на бројни награди и признанија, а со енергијата која ја пренесуваат на своите настапи и концерти, публиката уште долго раскажува за нив, но и со нетрпение ги очекуваат нивните следни настапи.

Резервациите за концертот можат да се направат преку социјалните мрежи како и телефонскиот број 075 316 974 , а од Голд Фелициа препорачуваат резервациите да се прават навремено поради големата заинтересиранот и исполнувањето на капацитетот, кој е предвиден според ковид протоколите.

Евротип
Евротип
To Top