Новости

Битола инфо

Ликовната колонија „Де Ниро“ од Цапари и меѓународниот центар за уметност „Арт Поинт – Гумно“ од Слоештица и официјално ќе ги вкрстат четките

16-тата Меѓународна ликовна колонија Де Ниро започнува на 25.09.2020 год.( петок ) во 12:00 часот со збратимување на двете колонии, Ликовна колонија Де Ниро, с.Цапари, Битола и Меѓународен центар за уметност и одржлив развој Арт Поинт-Гумно, с.Слоештица, Демир Хисар, а ќе се одржува во с. Цапари.

На настанот ќе присуствуваат ограничен број на луѓе, истиот е организиран е според сите процедури и протоколи за заштита и спречување на ширењето на вирусот Covid-19.

„Во услови на изолација поради глобалната пандемија, природата, ненаметливо почна да ни се наметнува. Во отсуство на вревата што вообичаено ја создаваме ние, луѓето, заитани кон материјалното, звуците што ги слушаме од природата како да не канат да нурнеме подлабоко во нас самите. И тогаш, ни се отвораат прашања за суштината на битисувањето, за нашата врска со
природата, за уметноста како можност, локално но и глобално да проговориме за таа релација, за водите што се поврзани и на тој начин го поврзуваат целиот свет, а особено СИТЕ уметници од светот.
Почнувајќи од 25-ти септември, провоцирани токму од овие прашања, паралелно, во целосна творечка изолација, во с. Слоештица, Демир Хисар, во „Арт Поинт – Гумно“, а во с. Цапари, Битола, на ликовната колонија Де Ниро, уметност ќе создаваат 15-тина реномирани македонски уметници. Паралелните ликовни колонии ќе започнат со заедничка свеченост на којашто со
потпишување на ПОВЕЛБА за збратимување ќе биде официјализирана 15-годишната соработка на организациите“, велат од колонијата.

GOLD
To Top