Новости

Битола инфо

Лозановска: Социјални права со зголемен обем и вистинска грижа за сите

Кандидатот за пратеник од ВМРО ДПМНЕ, Олга Лозановска зборуваше за социјалните права.

„Право на пензија за еден од родителите коишто имаат дете со попреченост по наполнување на 62 години за жена, 64 години за маж, во висина од износ на минимална семејна пензија, доколку не исполнува право на пензија по друга основа.
• Субвенционирањето на трошоците за потрошувачка на енергенси да биде во висина на износот по фактура, а најмногу до 1000 денари месечно за платените сметки во тековната година.
• Зголемување на бројот на згрижувачките семејства.
• Унапредување на постапката за посвојување.
• Бесплатна бањско-климатска рекреација за лица со инвалидност.
• Бесплатна рехабилитација на деца и млади со пречки во развојот во социјална установа за згрижување и рехабилитација на деца и младинци и возрасни лица со телесен инвалидитет.
• Набавка на тифло-технички помагала за лица со оштетен вид.
• Пристапни рампи за лица со инвалидност.
• Бесплатен компјутер и помошна технологија за студентите со инвалидност.
• Воведување на право на активна инвалидска количка.
• Право на повластен превоз во јавниот автобуски и железнички сообраќај.
• Намалување на времето на издавање на ортопедски чевли над 7 цм.
• Стипендии за студенти со телесен инвалидитет.
• Ослободување од давачки за набавка на возило за лица со инвалидитет.
• Бесплатно користење на спортски објекти за децата со посебни потреби.
• Факсимилот ќе служи како официјален потпис на слепите лица.
• Библиотеки за лица со оштетен вид.
• Бесплатна возачка дозвола за лица со статус деца без родители и родителска грижа.
• Изградба на мали групни домови на државно земјиште од типот на Детско село, особено во општините каде што нема никаков тип од такво сместување: Битола, Струмица, Гостивар, Скопје, Гевгелија и Куманово.
• Изградба на специјализирани куќи за деца жртви од семејно насилство и трговија. • Изградба на специјализиран центар за деца зависници. Буџетот на овој проект изнесува 320 милиони денари“, истакна Лозановска.

GOLD
To Top