Новости

Битола инфо

Мавровски: СДСМ упорно се држи до своите бесмислици

„СДСМ упорно се држи до своите бесмислици и упорно ги користи дрско институционалните и државните ресурси во активностите на изборната кампања.
Тоа го прави Радмила Шеќеринска, незаменливата носителка, незаменливата министерка и незаменливата партиска функционерка во СДСМ.
Тоа го прават и со Наташа Петровска, која овие повеќе од две години се однесува само како случаен станар на градоначалничкиот кабинет.
Тоа е нивниот стил, така знаат и умеат, односно не умеат.
Сепак, неми се за прашањата кои се должни да ги одговорат пред граѓаните:
– каде е Прочистителната станица во Битола?
– каде е спортскиот комплекс?
– што презедоа за почист амбиентален воздух?
– каде е гасификацијата?
Да се пофалат пред битолчани барем со една инвестиција, што ја донесоа во Битола, а можат во овие жешки денови да ги отворат и вратите на Копанки, како освежување.
На граѓаните им е јасно дека наместо живот за сите, изминатите 3 години, сите сме сведоци на непотизам, вработувања на најблиските. Граѓаните досега се прашуваа кога Васко Ковачевски, Александар Кирацовски и нивниот лидер и наредбодател, Зоран Заев, ќе дадат одговор на обвинувањата за криминал, рекет, изнуда и поткуп…

Но, на 15 јули, токму тие граѓаните, ќе го дадат својот суд, а после тоа, право и правда ќе има за сите!“, рече Мавровски.

GOLD
To Top