Новости

Битола инфо

Мавровски: Шеќеринска молчи и не кажува што правела со Катица Јанева и Боки 13

Портпаролот на ВМРО ДПМНЕ, Васко Мавровски Битола за Радмила Шекеринска.

„Граѓаните нема што да очекувааат од Шеќеринска, која времето наместо во интерес на граѓаните, го трошела на седенки и состаноци со обвинетите Катица Јанева и Боки 13 и веќе осудени за случајот рекет, токму во периодот кога се случувало тоа. Дали Шеќеринска била консилиере и советодавач? – со полно право се прашуваат граѓаните. Или можеби пак, Шеќеринска е контролор на тоа до каде е целата операција? Логични се овие прашања, со оглед на тајните средби кои таа ги имала. Едно е јасно и очигледно, не била посветена да го сработи тоа што им го ветуваше на граѓаните на изборите во 2016 година. Шекеринска, СДСМ и Зоран Заев покажаа дека можат само повеќе криминал, повеќе рекет, повеќе корупција, повеќе порази и повеќе понижувања!
Шеќеринска, исто така треба да им одговори на граѓаните, каде се ветените капитални инвестиции од 600 километри нов автопат кој што ги ветуваше во 2016. Каде е автопатот од Кичево до Охрид, автопатот од Гостивар до Кичево, автопатот од Скопје до Блаце? Се што кажаа излажаа, се што ветуваат пак лажат.
Да ставиме крај на политичарите кои повеќе од две децении си играат политиканство, а Шеќеринска е водачот на тимот!
Исправи се Македонијо, одбери Обнова на 15 јули!“ истакна Мавровски.

GOLD
To Top