Новости

Битола инфо

Митревски: Време е за ред, правда и дисциплина во сите институции

Изјава на Јован Митревски, носител на пратеничка листа за ИЕ 5.
„За три години направивме пресврт и разлика. Oд општество во кое ВМРО-ДПМНЕ 11 години газеше врз достоинството на луѓето, особено кон сиромашните и стечајците, денес станавме општество кое им помага на ранливите, држава која се стреми сите да имаат и да уживаат еднакви права.

Социјалната помош ја зголемивме за 300 отсто. Минималната плата ја зголемивме од 9.000 на 14.500 денари. Го решивме проблемот со стечајците. 12000 наши сограѓани добиваат месечен наддомест од над 8000 денари до пензионирање. Воведовме социјална пензија за лицата кои не го исполнуваа условот работен стаж. Околу 6000 наши сограѓани добиваат социјална пензија. Солидарно се бориме и против економските последиците од коронавирусот.

Време е за ред, правда и дисциплина во сите институции.

Правосудството мора да се прочисти од корумпираните судии и обвинители.

Судиите кои застаруваат предмети ќе бидат разрешени по автоматизам. Започнува детална проверка на имотната состојба на сите судии и обвинители и темелна ревизија на 5% од сите судски пресуди во последните 5 години, по случаен избор.

Сите функционери во извршната, локалната и судската власт, јавно и транспарентно ќе ги објавуваат сите службени трошоци.

Администрацијата мора да им служи на граѓаните и затоа, дополнително ја професионализираме и ќе биде ефикасна.

Тоа е разликата меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ.

СДСМ нуди професионални инситуции во служба на граѓаните, ВМРО-ДПМНЕ нуди партизирана администрација во служба на лични и партиски интереси.

Ние се грижиме за сите граѓани, тие се грижат само за себе и своите интереси.

На 15 јули граѓаните ќе изберат да живеат во праведна држава, ќе изберат неселективна правда.

Затоа што Можеме уште повеќе, уште подобро“, изјави Митревски.

GOLD
To Top