Новости

Битола инфо

Мицкоски: Битола е мој личен приоритет

Во ВМРО-ДПМНЕ во тек е анкета на десетина имиња од кои ќе се избере кандидат за градоначалник, рече денеска во Битола, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

„Во моментот траат анкетирањето на повеќе од 10 имиња кои што се опфатени со тие анкети. Првиот круг е завршен, можеби ќе има втор и трет, така што очекувам дека решението за кандидат за градоначалник кој што ќе биде поддржан од ВМРО-ДПМНЕ или коалицијата што ќе ја предводи ВМРО-ДПМНЕ на следните локални изибори ќе биде идниот градоначалник или идната градоначалничка на Битола. Партијата врши истражувања и анкетирањеа во кои се опфатени повеќе од 10 имиња, меѓу нив има и партиски и непартиски луѓе, блиски до десницата. Анкетираме и партикси и непартиски кандидати чии погледи, светоглед и политики се блиски до конзервативизмот, центар десната опција каде е и ВМРО-ДПМНЕ. Ние нормално нема да анкетираме кандидати кои што се со левичарски и либерални погледи, бидејќи ќе имаме проблеми во спроведувањето на политиките, рече Мицкоски

Тој рече дека доколку партијата во минатото направила грешки за битолчани, ќе се извини, затоа што Битола е негов личен приоритет и најави револуција во сите сфери на општественото живеење. Задоволен е од локалниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ во Битола, Пеце Милевски и рече дека имаат добра соработка.

„Имаме одлична соработка со Пеце Милевски, онаму каде можеме да се подобриме ќе се подобриме во периодот што следи. Онаму каде што треба да признаеме дека во минатото можеби сме направиле некаквa грешкa кон битолчани, го охрабрувам Пеце и ако таа грешка е објективна, и јас лично се извинувам. Онаму каде што имало добри политики, тие треаба да ги надградиме и прошириме и на тој начин повторно да ја добиеме довербата на битолчани, затоа што овие состојби која денеска ја слушнав од стопанската комора и од битолчани, навистина е катастрофална. На Битола и треба револуција, револуција во економија, образование, култура, Битола го заслужува тоа, Битола е личен мој приоритет, ова јавно сум го кажал неколку пати, иако сум роден скопјанец, Битола е мој личен приоритет, рече Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ.

Извор: ТВ Тера

GOLD
To Top