Новости

Битола инфо

МКЦ – Битола започна со реализација на проектот „Зајакнување на младите преку нови можности“

Младинскиот културен центар – Битола (МКЦ – Битола) започна со реализација на проектот „Зајакнување на младите преку нови можности“ (YEEP).

Главна цел на проектот е да ги подобриме изгледите за вработување и активно учество на пазарот на трудот на ранливите и загрозените млади од Битола.

Во овој тригодишен процес нудиме:

· Обуки за основни животни вештини

· Обуки за вработливост

Кариерно советување и коучинг
Курсеви за стручна обука
Соработка со локални институции и бизнис сектор

Во оваа иницијатива ќе бидат вклучени:

u Младите луѓе на возраст од 16-35 години со тешка семејна историја, социо-економски исклучени семејства (сиромаштија, невработеност, злоупотреба, употреба на дрога, криминал, миграција, болест, етничко малцинство, итн.) и млади од алтернативна грижа.

u Бизнис секторот кој ќе биде вклучен во програмата со цел да ги развие своите капацитети за работа со млади во ризик.

u Институциите: ЦСР- Битола и АВРМ- Битола (примарни), средни училишта, факултети, општина Битола…

Проектот се спроведува како резултат на соработката меѓу Младински културен центар- Битола и СОС Детско село Северна Македонија. Партнерството има за цел да се спроведе проектот „Зајакнување на младите преку нови можности“ (YEEP), заедно со СОС ДС Северна Македонија. Проектот е финансиран од три донатори (германското сојузно Министерство за економска соработка и развој (BMZ) и СОС Детски села интернационал, Фонд Херман-Гмајнер Германија (HGFD)), а се спроведува во пет земји од Западен Балкан од страна на националните здруженија СОС Детски села кои соработуваат со локални граѓански организации. Проектот се фокусира врз подобри изгледи за вработување и активно учество на пазарот на трудот на ранливите и загрозените млади лица.

Евротип
Евротип
To Top