Новости

Битола инфо

Младиот Александар го лансира новиот бренд ,,ТАО” во Битола со првата колекција женска модна облека која го носи насловот ,,22”

22годишниот Александар Ортак од Битола, денеска го лансираше својот прв труд, брендот ТАО, со првата модна колекција насловен ,,22″.

Тој уште од мали нозе напорно работел на дизајнот и деталите, а за неговата приказна знаеле само родителите и блиските пријатели.

Најголема страст му е модниот дизајн преку кој Александар ни ги пренесува емоциите, мислите, имагинацијата, фантазијата и креативноста.
,,Уште кога бев многу малечок во мене тлееше мало жарче на страст кон модниот дизајн. Напорно работев на секој детал и не сакав светот да дознае за тоа. Модата за мене е страст преку која можам слободно да ја направам реална секоја слика што мојот мозок претходно ја креирал. Се одлучив за женска колекција затоа што за мене жените се нешто посебно. Пораснав во општество преполно со стереотипи, предрасуди и дискриминација. Ме учеа дека постои огромна разлика помеѓу мажите и жените, а посебно во она што треба да го прават. Креирав некоја погрешна слика во мојата глава и долго време ја држев во тајност мојата пасија кон дизајнот. Денес сум горд што можам за прв пат да ви го претставам мојот труд преку овој почетнички проект кој се надевам дека во иднина ќе порасне во еден голем и несекојдневен бренд. Освен Ready-to-go-wear колекции работам и custom-made дизајни по нарачка” – изјави младиот Александар за Шеталиште.


Првите неколку парчиња облека создадени од младиот талент се наменети за жени. За него жените се најголемата доза инспирација, затоа преку ликот на Сара Мицевска, Александар ни ја претставува својата прва и доста специфична имагинација.
,, Ми беше задоволство да работам со Александар и ми беше чест пред се да ги облечам неговите први парчиња облека. Можам со сигурност да кажам дека неговиот дизајн и целиот проект ми остави многу силен впечаток. Направивме многу фотографии, ги облекував парчињата едно по едно и уживав во истите. Александар навистина направи прекрасно дело кое вреди да биде забележано” – изјави Сара Мицевска за Шеталиште.

Подготви: Сара Трајчевска

Евротип
Евротип
To Top