Новости

Битола инфо

Младите таленти од музичкото училиште блеснаа на 28-та ,,Шопенова вечер” во Битола

Традиционално и оваа година, Државното музичко училиште во соработка со Друштвото за македонско – полско пријателство и соработка “Висла” – Огранок Битола, ја организираше Шопеновата вечер, 28 -ма по ред, а концертот се одржа во малата сала на Завод и Музеј – Битола. Младите музичари ги изведоа најпознатите дела на големиот композитор, Фредерик Шопен.

Шопеновата вечер се одржува секоја година во чест на одбележувањето на деновите на полската култура во Македонија, а младите таленти од музичкото училиште ги пренесоа шопеновите звуци на публиката присутна на концертот. Настапија најмладите, кои на својата 9 годишна возраст совршено ја совладаа тремата и покажаа дека нивниот потенцијал и труд навистина заслужува да се развива понатаму, како и оние на 18 годишна возраст кои ги пренесоа нотите на Шопен до совршенство.

На коцертот настапија:

1. Валцер a-moll Деспина Куновска, 4 одд.
(проф. Маја Божиновска)

2. Мазурка B-dur оп.постx. Теона Буџаковска, 4 oдд.
(проф. Јана Четелева Белевска)

3. Полонеза B-dur оп. постх. Стефан Митревски, 6 одд.
(проф. Маја Божиновска)

4.Ноктурно бр.21 c-moll оп.постх.
Ева Неделковска, 7 одд.
(проф. Марија Шамоска Буџаковски)

5. Валцер оп.70 бр.2 Ангела Момировска, 7 одд.
(проф. Билјана Димовска)

6. Мазурка оп.17 бр.2 Деа Ивановска, 7 одд.
(проф. Цветанка Георгиева)

7. Валцер оп. 42 Софија Михајловска, 8 одд.
(проф. Маја Божиновска)

8. Валцер оп.постх. e-moll Кристијана Илиевска, 9 одд.
(проф. Билјана Димовска)

9. Етида оп.10 бр.9 Давид Стојчевски, I клас
(проф. Билјана Димовска)

10. Етида оп.10 бр.3 Зорица Јовчева, II клас
(проф. Марија Шамоска Буџаковски)

11. Полонеза gis-moll оп.постх.
Димитриј Стојчевски, I клас
(проф. Татјана Божиновска)

12. Валцер оп.34 бр.3 Николче Петкоски, II клас
(проф. Маја Божиновска)

13. Ноктурно оп.72 бр.1 Аница Нелоска, II клас
(проф. Верица Дивитарова)

14. Импромпти бр.1, оп.29 Анастасија Петреска, I клас
(проф. Татјана Божиновска)

15. Ноктурно оп.15 бр.1 Емануел Петрески, IV клас
(проф. Билјана Димовска)

16. Полонеза оп.40 бр.1 Арсениј Ангелески, II клас
(проф. Татјана Божиновска)

17. Етида оп.10 бр.12 Михаил Јагуриноски, III клас
(проф. Јана Четелева Белевска)

18. Балада Андреа Николовска, II клас
(проф. Татјана Божиновска)

19. Скерцо оп.20 бр.1 Јована Арсоска, III клас
(проф.Јана Четелева Белевска)

20. Етида оп.25 бр.12 Љубица Здравковска. IV клас
(проф. Јана Четелева Белевска)

Подготви: Сара Трајчевска

 

Евротип
SNBROKER
To Top