Новости

Битола инфо

Над 50 пациенти се лекуваат на инфективното одделение во Битола

Денеска на инфективното одделение во клиничката болница во Битола бројот на хоспитализирани пациенти се искачи на 52. Вчера таму беа хоспитализирани 43 пациенти.

Возраста на пациентите кои се на болничко лекување е помеѓу 26 и 83 години.

Деновиве директорката на клиничката болница Д-р Билјана Гагачовска рече дека одделнието се полни со пациенти и дека поголем дел од нив се со тешка клиничка слика и апелира да се почитуваат мерките за заштита за да се справиме со пандемијата.

Министерот за здравство Венко Филипе деновиве изјави дека уште едно крило е отворени во болницата во Битола.

Извор: ТВ Тера

GOLD
To Top