Новости

Битола инфо

Наташа Гулабовска Георгиевска – победник на Вешта жена 2020/2021 за Битола

Оваа година манифестацијата „Вешта жена 2020/2021“ се одржа онлајн каде можеше да се гласа за три маси на веќе докажани вешти жени-битолчанки. За победник оваа година, со најмногу гласови (лајкови) беше прогласена Наташа Гулабовска-Георгиевска и масата насловена „Рамка на животот“. По тој повод, ја запрашавме како се чувствува после победата и за инспирацијата која ја доби за да ја креира масата.

„Не сакам многу да зборувам за себе. За мене и мојот карактер нека зборуваат слатките креации кои ги имам направено низ мојата долгогодишна работа како слаткар. Ќе кажам само дека по природа сум уметничка душа и покрај овој слаткарски занает во мојот живот се занимавав и со други работи каде е потребна креативност и око за естетика. Љубовта кон животот, кон работата пред се е она што ми дава мотив да продолжам напорно да работам да творам да го покажувам и докажувам она што е во мојата душа, во мојата глава и вешто да го изработам. Изненадена сум и возбудена сум заради победата зашто Битола секогаш има силна кункуренција, битолчанки се доста креативни и секогаш имаат нешто добро да покажат“, вели Наташа.

За манифестацијата Вешта жена пак вели:

„Вешта Жена …е мултиетничкo и мултикултурно здружение на жени организација која постои 28 години, на која и е главна цел хуманоста, сплотеноста, љубовта, дружењето. Во Битола вкупно се имаат натпреварувано околу 300 натпреварувачки ( од кои 2 редовно заминуваат на понатамошен Републички натпревар), благодарение на организаторката Снежана Стојановска, и организаторката за град Битола, Маре Биљановска. Пред се, едно огромно Благодарам на моите Битолчани кои неуморно не следеја и подржуваја цели 5 дена гласаа и мило ми е што Битола знае што е стил, елеганција и вештина. Гордо чекорам со вас заедно на Републички натпревар, избор на Вешта жена на Македонија и ви ветувам дека Битола ќе ја претставам онака како што заслужува!“ вели Наташа.

    

GOLD
To Top