Новости

Битола инфо

Најмногу снег и најстудено во Битола – снежна покривка од 28 сантиметри

Според податоците на Управата за хидрометеоролошки работи најмногу снег падна во Битола – 28 сантиметри, потоа:  13 Крушево, 12 Охрид, 7 Берово, Дебар, Претор, 6 Скопје-Петровец, 5 Тетово, 3 Кр.Паланка, Штип, Прилеп, Пожаране, 2 Струмица, 1 Скопје-З.Рид, Куманово, Д.Капија.

Минималните температури измерени утрово беа: -13 Битола, -11 Крушево, -9 Берово, Претор, Дебар, -8 Тетово, Охрид, Прилеп, Пожаране, -7 Ѓуриште, -6 Кр.Паланка, Виница, -4 Струмица, Куманово, -2 Скопје-З.Рид, Штип, Д.Капија, 2 Гевгелија.

Во првата половина од ноќта беше облачно со врнежи од снег. Во втората половина врнежите насекаде престанаа и облачноста се намалуваше, така што утрово е ведро и студено со умерена локална облачност. Дуваше слаб до умерен ветер од северен и северозападен правец.

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност и студено. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, особено вдолж Повардарието. Кон крајот на денот ќе настапи зголемување на облачноста. Максималната температура ќе биде во интервал од -2 до 6 степени.

 

GOLD
To Top